Американската фармацевтска компанија „Модерна“ денеска соопшти дека поднела барање до властите во САД за добивање целосно одобрение за користење на својата вакцина против Ковид-19.
Моментно вакцината на Модерна е одобрена само за итна употреба.
Таквиот развој на ситуацијата доаѓа неколку недели откако конкурентските компании „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БиоНТек“ побараа целосно одобрување за својата вакцина против коронавирусот во САД.