Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин потсети дека повторно се воведени некои мерки против пандемијата.

Нагласувајќи дека процесот на вакцинација против КОВИД-19 треба да се забрза со цел да се избегнат дополнителни мерки, Собјанин објави дека започнале кампања за вакцинација за граѓани над 18 години.

„Оние кои ја примаат првата доза на вакцина од 14 јуни до 11 јули ќе учествуваат на лотарија за автомобил. Пет лотарии во вредност од околу еден милион рубљи (околу 14 000 американски долари) ќе се одржуваат секоја недела“, објави Собјанин.

Потсетувајќи дека е вакциниран во мај 2020 година, Собјанин рече дека пред два дена повторно ја примил вакцината „Спутник V“.