Мотоциклист од Гевгелија (37) загина откако со својот „кавасаки“ излетал од патот кај селото Богородица. Со тешки повреди бил пренесен во болница, каде починал.

Познати се деталите.

На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.