Секој компромис треба да биде во согласност со реалноста во која живееме и со европските вредности за кои Европската Унија постојано зборува, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Тој нагласи дека доколку Европа инсистира на примена на европските вредности, Македонија има право да ги брани позициите на Македонците во Бугарија, како дел од тој процес.

“Ако Европа ни зборува за европски вредности, тогаш и ние мора доследно да ги штитиме правата на Македонците во Бугарија,” потенцира Муцунски во својата објава.