Ние за жал последните години видовме како претседател не треба да има државата. Претседател – аналитичар, претседател кој ги кажува проблемите, но дали можеме да се сетиме на еден проект кој што тој го предводел, на еден предизвик, а многу предизвици има во државата, кој што тој го решил. Само кажуваше колку е лоша состојбата во државата, најпрактичен ни е последниот пример со состојбата со пасошите. Па потоа не можеа да се договорат со лидерот на неговата партија Ковачевски кој да се јави кај нашиот сосед Грција во обид да се реши проблемот и на крај никој не се јави и проблемот остана. Тоа е пример како не треба, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател на Република Македонија на ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот Муцунски рече дека на денешната Конвенција ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата.