Општина Аеродром денес го одбележа првиот ден на пролетта, Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и Денот на поезијата. Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети основното училиште „Александар Македонски“ и присуствуваше на настан каде заедно со учениците преку интересни и креативни активности, организирани во училишниот двор посакаа добредојде на новото годишно време и испратија пораки по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.
Да спортуваме, да се грижиме за природата и да се почитуваме, порача градоначалникот Муцунски при што потенцираше дека Општина Аеродром и понатаму ќе работи на создавање подобри услови за лицата со попреченост, подигнувајќи ја инклузивноста и создавајќи институции кои ќе бидат достапни и отворени за сите.
-Заедно неопходно е да продолжуваме да градиме општество во кое ја надминуваме стигмата и дискриминација, истакна тој при денешната посета на училиштето. „Со нас, не за нас“ е пораката со која светот го одбележува денешниот ден, а Аеродром преку овие активности испраќа порака дека лицата со попречености се неизоставен дел од нас, нашата општина и нашата заедница.