Муцунски – Столтенберг: Плакета за постигнатите успеси
Во пресрет на неговото заминување од функцијата, остварив средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што му изразив лична благодарност за неговиот извонреден придонес во евроатлантската безбедност, врачувајќи му плакета за постигнатите успеси.
Го истакнав неговото водство во турбулентните години, со кое значително ја зајакна и модернизира Алијансата, правејќи ја покредибилна и поподготвена за зачувување на мирот и стабилноста, пишува Муцунски.
Целта на Македонија е членство во НАТО
Воедно, ја нагласив важната поддршка за нашето членство и личните напори што ги вложи за промовирање на мирот во Западен Балкан, како и посветеноста кон политиката на отворени врати на НАТО, која е клучна за регионалната стабилност.
View this post on Instagram