Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вечерва на скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која пристигна во официјална посета на Македонија.

Во рамките на престојот на индиската претседателка се предвидени повеќе средби и активности, со кои се очекува дополнително зајакнување на односите меѓу двете земји.

„Очекувам тие да ги потврдат одличните билатерални односи и да дадат нов поттик за натамошно унапредување на политичката и економската соработка меѓу двете земји“, напиша Муцунски.

Посетата на Мурму претставува можност за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Индија, особено во политичкиот и економскиот сектор.