На седницата беше разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која е оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување, посочија од ова министерство.

Додаваат дека особено внимание беше посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

„Советот на општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби, затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31)“, нагласуваат од МВР.

Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик).

Ваквите активности како што најавија од МВР во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.