Народот упатува масовна поддршка за првиот човек на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски. На социјалната мрежа Икс, поранешно Твитер вирални се статусите кои упатуваат на недвосмислена поддршка за неговата работа и спротивставувањето на партизацијата на оваа институција.
На Александар Тасевски од МНАВ треба да му се даде орден што спречи ново Ласкарци, БЕСА ТРАНС и Модуларна Болница Тетово. Застана на патот на бандитизмот на ДУИ и им покажа на Тачињата дека е возможно во оваа држава да се спречат катастрофи предизвикани од курчот на ДУИ, напишано е во твитот кој е актуелен.
„Би го предложил за претседател, херој на годината, човек со интегритет“ се само дел од останатите коментари кои следат откако тој јасно застана против партизацијата на авио-сообраќајот во државава.
На Александар Тасевски од МНАВ треба да му се даде орден што спречи ново Ласкарци, БЕСА ТРАНС и Модуларна Болница Тетово. Застана на патот на бандитизмот на ДУИ и им покажа на Тачињата дека е возможно во оваа држава да се спречат катастрофи предизвикани од курчот на ДУИ
— Ноџиња (@VoDieMde) January 4, 2024
Синдикатот на контролори на летање најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10-ти јануари доколку тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција. По вчерашниот инцидент таму е распоредено полициско обезбедување.
Синдикатот предводен од Александар Тасевски за штрајкот одлучуваше ноќеска. Активностите во М-НАВ се одвиваат редовно, но вработените очекуваат надлежните институции да си ја завршат својата работа.
На вонредниот состанок на членството на Синдикатот најостро го осудиле нападот врз нивниот колега и го потврдиле ставот дека нападот врз него е напад и врз секој еден од нив.
Оставки од директорите, откривање и казнување на напаѓачите во контролата за летање и обезбедување на објектот од полицијата, бара Синдикатот на М-НАВ, во спротивно од среда ќе штрајкува.
Извршниот директор Фахрудин Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, вели и Владата веќе најавила дека ќе го разреши раководството. Негира дека имало напад врз контролата за летање и партиски вработувања на несоодветен кадар.
Нарушена е безбедноста во авиосообраќајот и на летовите над земјата, што не смее да остане неказнето, велат од Синдикатот којшто за ситуацијата во последните месеци во М-НАВ ги информираа европските контролори и во канцеларијата на Европската комисија во Скопје.
Раководството смета дека авиосообраќајот е безбеден, а нападот бил лично недоразбирање меѓу вработени.
Освен сериозните и аргументирани мислења, на социјалните мрежи и многу сатира во однос на оваа драма во М-НАВ.
Другарчиња од основно биле, не му ги давал сликичките од Меси и Роналдо па се закошкале малце, ништо страшно авионите сами си сљетале, Фахрудин Хамиди🤣🤣🤣 pic.twitter.com/cSK9rLqXY1
— Северџан #НикогашСеверна (@severdjandjan) January 5, 2024