Наместо да гради по две градинки годишно, владата ќе плаќа 5 специјалисти за надзор по 36.500 евра месечно. По 36.500 евра месечно за 5 специјалисти ќе плаќа владата, на трошоците за коридорите уште непочнати им нема крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со парите за ангажирање на овие 5 специјалисти, власта може годишно да финансира изградба на две градинки, едно училиште или да набавува по 40 целосно опремени амбулантни возила.
Наместо на инвестиции, и работи неопходни за граѓаните Ковачевски се расфрла со парите на народот.
Дополнителни најмалку 11 милиони евра ќе бидат исплатени за ангажирање на 5 специјалисти за надзор, надвор од првично предвидените 1.3 милијарди евра.
Трошоците за изградба на коридорите, кои се уште не се почнати немаат крај.
Потребни се промени и одговорност, додаваат од партијата.