Малолетникот бил предаден на родителите, а за настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против родителите на малолетникот ќе биде поднесена пријава по член 201 од Кривичниот законик, додека против малолетникот ќе биде поднесено известување до Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик