Најмалку 21 лице загина при полициската рација во фавелата Вила Крузеиро во Рио де Жанеиро.
Акцијата во која биле вклучени и полициски хеликоптери, била покрената со цел да се лоцираат и уапсат шефови на криминални банди, меѓу кои и странски државјани.
Притоа било пукано врз полицијата која возвратила на огнот, при што била убиена жена од заскитан куршум. Во пукотниците имало и 11 повредени кои биле префрлени во болница.
Како што се развивала акцијата, се интензивирале оружените престрелки, а повредени и убиени постојано биле пренесувани во градските болници.
Службата за итна медицинска помош констатирала 21 смртен случај и седум ранети, соопшти бразилскиот Секретаријат за здравство.