Утре на гласање пред пратениците ќе се најден предлог- законот со кој ДДВ-то за електрична енергија треба да се намали од 18 на 5 проценти .

Но тие и веднаш да го донесат сепак јулските сметки за струја за граѓаните ќе бидат повисоки. Од 1 јули има повисоката цена на струјата од 12,3 проценти.  Но, не се реализираше на време планот на владата ударот врз домаќинствата да се амортизира со пониското ДДВ кое најавата беше од 1 јули да падне од 18 на 5 проценти. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери потврди дека утре во 13 часот ќе ја продолжи 45-тата седницата на која треба да се донесе и овој закон кој беше предложен по скратена постапка.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи законот, но прашува зошто до сега се чекаше?

Министерот Бесими вчера се правдаше дека не ставиле датум на важност од 1 јули во предлогот, бидејќи сметале дека ќе се донесе на време и ќе се примени во сметките за јули. Рече и дека ќе се разгледаат правните можности дали може амандмански да се реагира за тој да важи од први јули.