Премиерот Христијан Мицкоски го оцени концертот на Дејвид Гета како повеќе од голем музички настан, истакнувајќи дека вечерта била посветена на Македонија, нејзината независност и генерациите кои ја граделе и чувале државата.
Мицкоски на својата Фејсбук страница сподели видео од Дејвид Гета во кое светски познатиот диџеј ги пренесува своите впечатоци од концертот и од Македонија.
„Ова не беше само голем музички настан, туку вечер во чест на Македонија, на нејзината независност и на сите генерации кои ја граделе и ја чувале државата“, објави Мицкоски.
Премиерот им се заблагодари на сите кои биле дел од настанот, оценувајќи дека заедничкото одбележување на Македонија покажало дека државата може да се слави со гордост и достоинство.
„Благодарност до сите што беа дел од оваа прекрасна вечер и што заедно покажавме дека кога славиме за Македонија, славиме со срце, гордост и достоинство. Нека ни е вечна и независна Македонија, а ваквите моменти нека нè потсетуваат колку многу можеме кога сме заедно – се вели во објавата на Мицкоски.“
