Тој вчера имал разговор со рускиот амбасадор, кој требал да искомуницира со Институтот од Москва и да даде повратна информација во однос на испораката на вакцините.
Вакцините „Синовак“, како што додаде Филипче, треба да пристигнат првите десет дена од јуни.
Според него, имунизацијата нема да запре, бидејќи пристигнаа одредени количини на „Фајзер“, а во текот на неделата се очекуваат донациите на вакцини од Бугарија и Грција.
Тој очекува дека неделава можеби ќе има намалување на дневните бројки на вакцинирани, но за следната недела, смета дека ќе се одржи трендот од околу 13.000 вакцинирани на ден.