Средба во Вашингтон
Американските и израелските власти најверојатно ќе се сретнат на почетокот на следната недела во Вашингтон за да разговараат за воената операција на Израел во Рафах, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер, пренесе Ројтерс. Според Жан-Пјер, овој чекор го побарал претседателот Џо Бајден, а израелскиот тим треба да вклучи воени, разузнавачки и хуманитарни претставници во Вашингтон.
Нетанхају го ингорира Бајден
Деталите се уште се разработуваат, но средбата најверојатно ќе се одржи на почетокот на следната недела. Нетанјаху, пак, ги отфрли повиците на Бајден да се откаже од офанзивата во Рафах.
Бенјамин Нетанјаху додава дека во разговорот со американскиот лидер бил „исклучително јасен“ за неможноста да се стави крај на Хамас без копнена операција таму.