Стојановски на новиот градоначалмик му посака успешна работа, просперитет, економски развој на општината и реализација на проекти кои се во тек, како и нови иновативни проекти, соопштија од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар.
-Се заблагодарувам за досегашната соработка со раководителите на одделенија во локалната самоуправа, општинската администрација, вработени во локалните институции, а особено на директорите на јавните претпријатија и установи под локална самоуправа за одговорното и транспарентно и беспрекорно функционирање во интерес на целокупната општествена заедница, истакна Стојановски.
Новоизбраниот градоначалник, Никола Најдовски, на свеченоста во Демир Хисар најави одговорно и домаќинско вршење на функцијата градоначалник и посветено работење во интерес на сите граѓани.