– Аферите кај Шилегов не се добројуваат, мислам дека јавноста ќе гледа афери до крајот на кампањата затоа што кај него крај немаат, а веројатно и по промената на власта во Градот Скопје ќе има и дополнителни затоа што ќе се има директен пристап до документите ќе се види како го водел градот или поточно како не го водел туку ги гледал сопствените интереси, вели Николоски.

Тој потенцираше дека секогаш во овие случаи станува збор за фирми кои се блиски до олигархијата или до семејството Заеви, така е и случајот со последната афера и олигархиската фирма која што ја произведува водата Горска, која фирма е замешана во овој скандал кој партијата го објави.

– Се сеќавате дека добиваа пари од Фонд за иновации за ставање арома во вода која иновација мислам дека после измислувањето на Ајфонот е втора најиновативна работа во светот, ставањето на арома во вода за пиење и нормално мораа да бидат подржани од Фондот за иновации, потсети Николоски.

Николоски посочи дека СДСМ станал едно акционерско друштво каде главен акционер е Зоран Заев, кој на ист начин се обидува да ја приватизира државата.