Навистина ми е драго што кампањата ја завршуваме тука во Битола. Битола е град што заслужува многу повеќе, да расте, да се развива и најубавите моменти се сеуште пред него. На моите средношколски денови распустите ги поминував тука во Битола. и сега кога можам да ги менувам работите, сакам за Битола да направиме убави работи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ од Битола
Победуваме во недела, неколку работи се веке јасни, убедлив победник на изборите е коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, тоа е факт, најголемите урбани центри ќе ги предводат градоначалници од ВМРО ДПМНЕ и тоа е нешто на кое што никој неможе да каже дека нема да се случи, изјави Николоски.
За жал во изминатите години лоши работи и се случуваа на Битола, нема крупни инвестиции и нема грижа за градот, многумина го напуштаат градот, тоа е најголемата болка на Битола и на цела Македонија. Затоа треба да се бориме децата да останат овде, заеднички да ја градиме иднината . 30 години Македонија се врти во круг од бандити , и затоа изборот во Битола е лесен на една страна имаме бандит и на друга страна имаме чесен човек, Број 7 за др Тони Коњановски. Тие мислат дека можат да заплажуваат, ама ја покажуваат сопствената беда. Штом мислат дека некого за пари можат ј да го купат тогаш и тие можат да бидат купени, изјави Николоски.
Битола нема да ја направиме нова приватна фирма, затоа во Битола повикувам на масовност уште во раните утрински часови, тие сакаат да останете дома. Не сме сите исти, сакаме да направиме убави работи, затоа дајте ни поддршка во Битола за заеднички да ги менуваме работите. Вашата поддршка ќе е силна и ќе значи уште од 1 ноември да работиме на ново парламентарно мнозинство и рушење на оваа влада , затоа што Македонија нема време, изјави Николоски.