Николоски тврди дека нема приватизација со измените во Законот за градење
Предлогот за измени на Законот за градење предизвика загриженост кај јавноста. Многумина стравуваат дека државните објекти би можеле да преминат во приватна сопственост. Сепак, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, нагласи дека сопственоста на дравните објекти останува државна.
„Ниту еден приватен инвеститор нема да стане сопственик на државен објект,“ – категоричен беше Николовски во изјава за Радио Слободна Европа.
Факултетот ФИНКИ, Народна банка, спортска сала на УКИМ: Кои се недовршените објекти кои ќе бидат готови?
Главната цел на измените, според Николоски, е довршување на капитални државни објекти. Тој ги спомена:
факултетот ФИНКИ,
факултетот за физичка култура
новата зграда на Народна Банка,
спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Овие објекти со години се недовршени. Тие, според министерот, „зјаат како лоши споменици на претходни неуспешни проекти.“
Проектот Скопје 2014 – симбол на недовршеното
Идејата за довршување на дел од објектите од проектот Скопје 2014 беше најавена од премиерот Христијан Мицкоски по изборната победа во мај 2024 година. Измените на законот треба да овозможат поедноставена постапка за завршување на овие објекти, без притоа да се наруши државната сопственост.
Што точно предвидуваат измените?
Министерот објасни дека преносот на правото на градба се однесува исклучиво на изведувачот, кој ќе биде избран преку тендер.
„Изведувачот ќе биде платен од државата. Тој нема да има никаков имотен интерес, ниту сопственост врз објектот,“ нагласи Николовски.
Иако ова појаснување беше децидно, јавноста будно ја следи ситуацијата.
Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија
Владата и министерството за транспорт преземаат активности за да се превенираат трагедии. Вицепремиерот претходно Александар Николоски рече дека моментално се врши проверка на сите издадени лиценци и овластувања.