Осломеј го имаа затворено, РЕК Битола рботеше на минимум зошто нема јаглен.

„А тоа е така затоа што Осломеј беше затворен за да направат фотоволтаици пријатели на власта. Се е тоа поради корупција, се е ова корупција. Така се уништува системот и ова е само еден пример. И уште во неколку полиња вака отиде државата“, рече Николоски.

И така градоначалниците наидоа на пустош.

 

„За месец дена сработија повеќе отколку оние преходно за 4 години. Сега на дневна основа се реализираат проекти во општината“, рече Николоски.

Прашан за тоа дали е моѓен договор со ВМРО –ДПМНЕ за избегнување на одговорност, Николоски категорично рече – нема.
„Со ВМРО-ДПМНЕ таков договор не може да се направи“, укажа Николоски додавајќи дека јасно е дека има сериозен притисок врз обвинителството и судството. Според него доволно е само да се ослободат тие луѓе и да има јасно раздвојување на извршната и судската власт и се ќе биде поинаку.
Николосоки се осврна и на тоа што не се градат патиштата.

„Охрид – Кичево кај што сопре патот кога замина власта на ВМРО-ДПМНЕ ништо не е направено. Неспособноста на власта чини и човечки животи поради лошо обележување на патот. Добри се на зборови, ама ништо не прават. Не знам како не го нервира Ахмети да оди за Зајас и да ја минува Стража, не знам како Заев не го направи ниту патот Штип – Струмица и дома оди по полош пат“, рече Николоски.