-Заев сака оваа влада на апарати да продолжи да живее, во ред, но што ќе правите со електрична енергија, парно и со гас, до денеска немаме релевантен одговор, државата оди во тотален колапс, граѓаните можеби мислат дека претеруваме во тоа дали ќе има струја, парно или гас, но во следните месеци ќе биде многу полошо од тоа што е сега, сакам да ги потсетам граѓаните на минатата година со вакцините за Ковид, можеби никој не веруваше дека Македонија ќе биде единствена земја која ќе нема вакцини од регионот и дека луѓе ќе треба да се молат во соседството за да се вакцинираат, па сега е истото, како што сега нема избор дали ќе има или нема електрична енергија, како што тогаш не обезбедија вакцини,а бркаа провизии,истото е и сега, вели Николоски.
Тој посочи дека Македонија со Зоран Заев нема да има електрична енергија по поволни, пристојни цени од 1-ви јануари следната година.
-Треба да се насочиме кон нашите пријатели во меѓународната заедница за да помогнат Македонија да излезе од оваа енергетска криза, кога јас би бил во влада би завртел кај сите партнери во НАТО, не како СДСМ кои се јавуваат да кодошат што работи ВМРО-ДПМНЕ и измислуваат некакви приказни, како што не набавија вакцини на време минатата година, а земји од соседството како Србија имаа дури и вишок на вакцини, така и оваа година ќе се постави прашање и за енергетската криза, ќе видите дека во Србија ќе остане оваа цена на електричната енергија, само да ги информирам граѓаните дека Србија и Украина плаќаат најефтина струја, а во Македонија овие цени ќе се зголемат четири до пет пати повеќе, значи не проценти, туку четири до пет пати повеќе, истакна Николоски. Николоски вели дека реалноста со СДСМ и ДУИ е таква и ќе биде се повеќе полошо со латиноамериканското водење на државата.