Александар Николоски обелодени дека тој ќе биде носител на ИЕ4 и ги претстави своите заложби. Ваквата вест ја соопшти преку својот Фејсбук профил и вети „историска победа“.

На 24ти април и 8ми мај ќе победи чесна и намачена Македонија! Ќе победиме заедно со секој еден од вас што е против криминалот и корупцијата, што сака средена држава и силна економија! Ја имам честа да сум НОСИТЕЛ на листата на ВМРО-ДПМНЕ за ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА! Ќе победиме со најдобар резултат во историјата на демократските избори во Македонија!, започнува тој.

Николоски вели дека ќе биде носител за сите граѓани почнувајќи од земјоделците се до студентите.

Ќе бидам секој ден со вас, со младите и старите, со земјоделците, работниците, пензионерите, малите и средни претприемачи, професорите и студентите! Победуваме!, пишува Николоски

Останатите кандидати ги соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска.

Мицкоски откри кои ќе бидат носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ