Министерството за транспорт работи на железничко поврзување на Скопје со Албанија, дополнително со воведување на меѓуградски возови.
-Заедно со Европската Унија во рамки на планот за раст интензивно работиме на документација за железничко поврзување на Скопје со Тетово и Гостивар во прва фаза. Во втора фаза и со Кичево и во трета фаза со Охрид, Струга и Република Албанија. Идејата е да се направат меѓуградски возови, нешто што многу ќе го растерети сообраќајот, ќе ја намали гужвата и ќе го намали загадувањето, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Тој се надева дека веќе идната година ќе можат да се видат првите конкретни работи поврзани со овој проект.
