Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изрази длабоко сочувство по повод ненадејната смрт на градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.
-Со огромна тага ја примив веста за прераната смрт на нашиот голем пријател Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница.
Не напушти човек со големо срце, чесен, посветен и неуморен борец, со кој изборивме многу предизвици.
Преку својата работа веруваше во развојот на Брвеница и како сите нејзини граѓани заслужуват подобра иднина и подобар живот.Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство и блиските.
Почивај во мир. Твојот спомен ќе живее меѓу нас. Вечна ти слава!, стои во објавата на Николоски.
