Денеска остваривме средба со шефот на Австриската дипломатија, Александер Шаленберг, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски.

Разговаравме за актуелната политичко економска состојба и евроинтеграциските процеси на Република Македонија и проблемите со кои се соочува Македонија како и за последните случувања во Собранието, напиша Николоски на социјалните мрежи.