Стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Ова го напиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на совојата Фејсбук страница.  Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, вели тој.

-Ова партнерство значи инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија и стратешка позиционираност на Македонија, пишува во својата објава Николоски.

Договорот е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни. Се оценува како историски. Се очекува да отвори нови перспективи за соработка во клучни области. Тие се безбедноста, економијата, инвестициите, образованието, дигиталната трансформација и климатските промени.

Моќен инвестициски бран од шест милијарди евра – Мицкоски со детали за стратешките проекти по договорот со Обединетото Кралство

Со потпишувањето на договорот, Македонија треба да добие пристап до британска експертиза, финансиска поддршка за реформи и можности за британски инвестиции во стратешки сектори како енергетиката, инфраструктурата и иновациите. Дополнително, соработката ќе опфати и засилен политички дијалог, како и координација во рамки на меѓународните институции и глобалните безбедносни предизвици

Извор: Курир