Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчеравечер беше во посета на Струмица. Според него генаралниот урбанистички план за Струмица претставува сериозен проблем за жителите на Втора урбана заедница.

Урбаната мафија царува во Струмица! Генаралниот урбанистички план за Струмица претставува сериозен проблем за жителите на Втора урбана заедница. За овај план се доставени над 200 забелешки од граѓаните и жителите во оваа урбана заедница имаат сериозни проблеми поради неконтролираното градење, вели Николоски.