На средбата, фокусот беше ставен на Извршната наредба издадена од Претседателот Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Македонија.
Вицепремиерот Николовски изрази задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, што е еден од врвните приоритети на Република Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Николовски ја информираше амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РСМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција.
Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Македонија и нејзните граѓани на евроатланскиот пат.