Се поизвесно е дека договор нема, а загриженоста за можното насилство во Ерусалим расте.
„Изгледа тешко. Секако дека сум загрижен“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Предупредувањето на Бајден доаѓа откако Хамас ги повика Палестинците да се мобилизираат кон планината на храмот, додека Израел бара ограничување на бројот заради избегнување инциденти. Борбите во Појасот продолжуваат продлабочувајќи ја и така тешката хуманитарна криза. САД најавија изградба на пристаниште за дополнителна помош.
„Ќе преземеме итна мисија за привремено поморско пристаниште што ќе им овозможи на бродовите да пренесуваат товар до помали бродови на привремена патека за испорака на хуманитарна помош во газа. Да бидеме појасни, американскиот воен персонал нема да ја пренесува помошта. Нашата улога е само да ја обезбедиме услугата“, изјави Генерал-мајор Патрик Рајдер, портпарол на Пентагон.
Во истовреме, патот што го гради израелската армија што ја дели Газа на два дела стигна до брегот на Средоземното Море-покажуваат сателитски снимки. Тоа е пат што ќе и олесни на израелската војска да изврши рации северно од градот Газа и на југ, до централното подрачје на Појасот-тврди Тел Авив. Продолжуваат воените дејствија и во Црвено Море. Американската морнарица собори 15 беспилотни летала во голем напад на Хутите.
„Извршивме две квалитативни операции. Првиот го таргетираше американскиот брод во Аденскиот залив со голем број поморски ракети. Што се однесува до втората операција, голем број американски разурнувачи беа цел на Црвеното Море и Аденскиот залив. Со 37 беспилотни летала, двете операции успешно ги постигнаа своите цели“, изјави Јахја Сари, воен портпарол на Хутите.
Одговорот на САД е три дена по првиот фатален напад на милитантната група во Црвено Море кога загинаа тројца членови на екипажот, а четворица беа повредени.
Извор: МРТ