Американската тенисерка Ен Ли го направи најголемото изненадување на турнирот во Вухан откако со пресврт ја победи Арина Сабаленка, втора носителка и избори осминафинале. Таа славеше победа од 2:1 во сетови (3:6; 6:4 и 7:6 (7:5). Мечот траеше 2 часа и 28 минути.

Во првите два сета секоја од тенисерките имаше по еден брејк повеќе, но вистинска драма имаше во третиот решавачки сет. Ли водеше со 5:2 во гемови и во осмиот гем не искористи пет меч топки. Во десетиот сет прв водство од 5:4 за Ли, Сабаленка спаси уште две меч топки (вкупно 7) и се избори потоа и за тајбрејк. Во последниот гем од мечот Сабаленка спаси уште две меч топки (вкупно 9), а Ли ја искористи десетата и го доби тајбрејкот со 7:5 на поени.

Ова е уште една рана елиминација на Сабаленка при крајот на календарската година или трет пораз на последните четири меча откако успеа да игра во финалето на УС опен.