Лекот веќе се доставува, утре ќе пристигне и во Струга
Министерството за здравство соопшти дека испораката на лекот еритропоетин во јавните здравствени установи е во тек и се реализира согласно количините обезбедени преку спроведените јавни набавки.
Од компанијата-дистрибутер информирале дека испораката веќе започнала во здравствените установи, а во текот на утрешниот ден еритропоетинот ќе биде доставен и во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.
Министерството најавува континуирана достапност на терапијата
Од Министерството за здравство посочуваат дека остануваат во постојана координација со надлежните институции и со добавувачот, со цел да се обезбеди навремена и континуирана достапност на терапијата за пациентите.
