Изет Меџити во водство за Чаир: урбанистички план со турски експерти

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир и актуелен министер за животна средина, Изет Меџити, започна иницијатива за изработка на современ и визионерски мастер-план за општината. Проектот го предводи турскиот експерт Бајрам Вардар, а целта е да се обезбеди иновативен и одржлив урбанистички развој.

Тим од реномирани урбанисти и архитекти

Во експертската група се вклучени значајни имиња од областа на архитектурата и урбанизмот. Меѓу нив е урбанистот Надир Доган, дипломиран на Универзитетот „Гази“ и автор на просторни планови за големи турски метрополи како Истанбул, Бурса, Кожаели и Трабзон.

Визионерски пристап кон Чаир

Меѓу членовите е и д-р Мустафа Тутар, архитект од Техничкиот универзитет во Истанбул, со магистратура во САД и докторат во урбанизам. Тој е основач на „Saydam Tasarım“ и има реализирано над 800 меѓународни архитектонски проекти. Со ваков тим, проектот најавува современ пристап и креативни решенија за идниот развој на Чаир.