Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, рече денеска дека Пол Погба поради повреда ќе отсуствува од теренот најмалку четири недели и оти речиси сигурно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Погба, чиј договор со Јунјатед истекува во јуни, се повреди во вторникот вечер за време на натпреварот против Ливерпул (0-4)

– Мислам дека нема повторно да се враќа на теренот. Лекарот ми рече дека неговата рехабилитација ќе трае најмалку четири недели, а имајќи предвид дека последниот натпревар е на крајот од мај, тој веројатно нема да се врати на теренот, изјави Рангник.

Јунајтед во последниот натпревар од сезонава во Премиер лигата ќе му гостува на лондонски Кристал Палас на 22 мај.