20 долгорочни набљудувачи од различни земји од светот ќе ги следат изборите во земјава заедно со клучниот тим на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кој брои 12 членови. Мисијата официјално со работа почнува од денеска. Нив треба да им помагаат и 300 краткорочни наблудувачи кои во земјава треба да пристигнат непосредно пред изборите.
Допрва ќе се прават проценки и анализира – дали препораките на ОБСЕ/ОДИХР се земени предвид од страна на институциите.
Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР на претседателските и парламентарни избори ќе ја предводи експертот за човекови права и поранешен заменик министер во Канада и амбасадор, Џилијан Стирк, која денеска одржа и прва пресконференција, на која меѓу другото додаде и дека бројот на набљудувачи се заснова на пораките од Мисијата за процена на потребите. Најави и дека од следната недела ќе започне интензивното следење и на известувањето на медиумите.
Двата изборни процеси ќе бидат следени посебно, но ќе бидат комбинирани во конечните извештаи. Прелиминарен извештај ќе има на две недели до изборите, а конечниот ќе биде готов два месеци по изборите.
Ова се 22-ри избори во Македонија, последни беа локалните избори кои беа следени од страна на мисијата. Претседателските избори во Македонија ќе се одржат на 24 април, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните.