Советникот на Левица во Општина Аеродром, Горан Костовски Чиз е во некулкудневна посета на Народна Република Кина.

Извори од Левица за Радио Лидер брифираат дека омилениот кај членствого за кандидат за градоначалник на Аеродром отишол во Кина за развојните политики од таму да ги пренесе овде во програмата за локалните избори.

– Членот на Централниот комитет на Левица, Горан Костовски, како дел од меѓународна делегација составена од претставници на политички партии и медиуми од целиот свет, оствари повеќедневна посета на Народна Република Кина. Посетата вклучуваше активности во повеќе кинески региони, меѓу кои градот Чонгчинг, провинцијата Шанзи (со градовите Таијуан, Сисијан и Јунченг), како и главниот град Пекинг. Целта на посетата беше продлабочување на меѓународната соработка и размена на искуства за улогата на медиумите и партиските политики во новата ера на технолошки развој. – стои во соопштението на Левица.

По завршувањето на неговиот говор, толпата ентузијастично ги мавташе црвените книшки, славејќи го херојот на Аеродром.