Скопското астрономско друштво вечерва организира јавно астрономско набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“.

Од 19 до 22 часот, во близина на фонтаната, ќе бидат поставени телескопите на друштвото преку кои ќе може да се видат кратерите на Месечината.
Дојдете со вашите пријатели или со семејството и искористете ја можноста одблизу да ги погледнете кратерите на месечината низ нашите телескопи. Членовите на друштвото ќе бидат присутни за да одговорат на вашите прашања и да ве запознаат со интересни факти за ноќното небо, велат од Скопското астрономско друштво.
