Приватните автобуси во понеделник во Скопје, кога започнува новата школска година, нема да сообраќаат. Тие едногласно одлучиле да воведат редуциран сообраќај, при што на секоја линија ќе сообраќа по еден автобус само еднаш во денот, наутро или навечер. Ова значи дека од понеделник на скопските улици ќе има помалку 150 автобуси.
Причината за ваквиот чекор е долгот на Град Скопје кон приватните превозници во висина од 2 милиони евра, како и неиспoлнeтото ветување за зголемување на тарифникот.
Од ЈСП велат дека ќе се обидат да поправат околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е пак значително помалку од потребите.