Од утре се намалуваат и замрзнуваат цените на дел од хигиенските производи. Опфатени ќе бидат тоалетната хартија, влажните марамици, како и производите за менструална хигиена, најавија премиерот Ковачевски и министерот за економија Бектеши, откако по трет пат пазареа по скопските маркети.

Одлуката ќе се носи утре на Владина седница, а Бектеши најави и дека до крајот на неделата ќе има нова одлука со која ќе се намалат и замрзнат цените и на дел од овошјето и зеленчукот, во пресрет на велигденските и рамазанските празници…

-Тоа што го најавивме претходно и ќе го оствариме, нема да чекаме на несооддветно работење на одредени комисии во Собранието, кои не ги свикуваат комисиите се со цел да се донесат закони кои се во интерес на граѓаните како што е стапката на ддв-то за одредени производи хигиенски, па со одлука на Владата ќе ги намалиме овие цени, ќе биде лепеза на хигиенски производи кои утре ќе се замрзнуваат.

Во маркетот, при „инспекцијата“ на цената на јајцата и оризот, Ковачевски и Бектеши поразговараа со дел од купувачите. Некои се пожалија дека цените не се доволно намалени да го заштититат џебот на граѓаните.

-Значи вака да ви кажам, цениве се до „плафон“, значи со два денари макарони и јајца денари и сега ги замрзнавте цените, значи што е тоа поевтинување, навистина некако многу тежок дојде животот. –

-Ги спомнавте макароните, ги намаливме за 15%, млечните производи, најосновните за 10%, ја замрзнавме цената на јајцата, замрзнавме цена на оризот, ги намаливме цените на брашното. Трендот на намалување на цените го направивме и тоа со владини одлуки и разговори со коморите. Таму каде што не можеше да се направи џентлменски договор, тоа го направивме со владина одлука само да ги намалиме цените.

А, поразговараа и за спортот со граѓанка која била поранешна репрезентативна ракометарка.

Досега поради неспроведување на мерките, напишани се неколку казни кои вкупно изнесуваат 750.000 денари, а најчесто поради непочитување на новите цени на лебот, кажа директорот на пазарна инспекција.

Иако беше најавено дека јавно ќе се објавуваат фирмите, сепак кажаа дека ќе почекаат да се завшри целата инспекциска процедура.