Бранителот ги отфрли обвинувањата против обвинетиот Миле Јанакиески и истакна дека обвинителството во неможност да  ги докаже наодите во обвинителниот акт и наодите истакнати во воведниот збор со кои ја креира тезата на обвинението прави „бајпас“ и од докази извадени од контекст прави конструкција по секоја цена.

– План за делото кое се става на товар на Миле Јанакиески ниту имало, ниту се посочи доказ за постоење на таков план. Нема доказ за каков било контакт на Миле Јанакиески со другите обвинети, нема контакт ниту пред настаните од 27 април, ниту на денот на настаните, ниту потоа, кажа бранителот.

Според бранителот, кај обвинетиот Миле Јанакиески, во изменетиот обвинителен акт не се става на товар учество или организирање насилство.

– За да постои ова дело и бидат исполнети законските обележја, треба да постои планирање на насилство и организирање на употреба на насилство кое ќе предизвика одредена цел, Миле Јанакиески ниту учествувал во планирање на насилство, ниту учествувал во насилство, кажа бранителот.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Судењето за 27 април го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.