Македонскиот репрезентативец Дејан Георгиевски денеска на олимписките квалификации во таеквондо се избори за настап на Игрите во Токио и ја направи горда цела Македонија.
Во исклучително силна конкуренција во Софија, тој обезбеди олимписка норма и вистински ја израдува македонската јавност. Го победи олимпискиот шампион Радик Исаев од Азербејџан.
Инаку, Георгиевски (+80 кг) е сениорски европски шампион во 2017 година и носител на сребрен медал од Европско првенство во 2020 година.
Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди олимписка виза – пред него тоа го оствари борачот Могамедгаџи Нуров.
СОНУВАВМЕ ЗА ТОА, ЖИВЕЕВМЕ ЗА ТОА, ОДИМЕ НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО ТОКИО !!!
СЛАВА ТИ ГОСПОДЕ !!!
Дејан Георгиевски со…
Posted by Македонска Tаеквондо Федерација, Macedonian Тaekwondo Federation WT on Saturday, May 8, 2021