Најавата на премиерот Зоран Заев дека сака да ги одложи локалните избори предизвика незадоволство кај партииите. Тие велат дека не може Заев без консултација да бара одложување и оти си има јасна процедура како може да се дојде до нов термин на гласање.
За тоа се потребни измени на Изборниот законик и тоа со со двотретинско мнозинство. Без да има договор со опозицијата во овој момент е тешко да се обезбедат 80 протеници.
Засега против одложување на изборите се ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Заев се плаши од соочување со граѓаните и на своја рака без консултација со останатите партии бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври.
Изговорот дека се поклопува пописот со кампањата не држат, бидејќи пописот може да се одложи за месец ноември и со тоа ќе се испочитува Уставот. Патем СДСМ и Заев до пред неколку дена ја убедуваа јавноста дека локалните избори и пописот се процеси кои можат без проблеми да течат паралелно, за сега Заев да говори нешто сосема друго. Заев менува ставови од денес за утре и тоа не е ново, но очигледно и Заев и СДСМ се свесни за расположението на граѓаните и се обидуваат да купат уште малку време со надеж дека ќе го ублажат поразот кој им следи-велат од опозициската партија.
Поранешни градоначаници коментираат дека мандатот на сегашните градоначалнци истекува на средината на октомври и дека после тоа тие немаат никакви овастувања нити пак право било што да потпишат.Со тоа општините биле практично блокирани.
Слична ситуација имавме и во 2017 година кога мандатот на градоначалниците беше продолжен на неколку месеци поради специфичната политичка состојба и криза во тој период.