Така, единствено формално прашање на собраниската седница во четврток е донесувањето на одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на поранешниот канцелар.
Укинување на имунитетот побара Обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп.
Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата.
По одлуката на собраниската комисија, Курц изрази задоволство, велејќи дека сега може да работи на докажување дека тоа се погрешни обвинувања.