Тренинзите се одвиваат секој ден од 18:00 часот. Главна цел за оваа година на македонските карате репрезентативци е учеството на ЕТКФ европскиот шампионат и куп во традиционално карате за сениори, јуниори, кадети и деца кој од 28 до 31 октомври ќе се одржи во Белград, Србија. На овој шампионат државата ќе учествува со голем број на каратисти репрезентативци во сите возрасни категории, велат од федерацијата

Главни тренери во двата карате центри се македонското карате семејството Недеви Венцислав, Дејан, Аљоша и Јадранка кој се повеќекратни европски и светски шампиони. ОД МТКФ додаваат дека меѓу останатите каратисти кои активно вежбаат се и Камелија и Тадеј Недев кои заедно со останатите членови и репрезентативци се иднината на македонското традиционално карате.