-Вакцинацијата во текот на вчерашниот ден течеше без проблеми, освен што забележавме дека околу 20 проценти од закажаните не се јавија на закажаниот термин, рече Филипче.
Во оваа насока тој додаде дека вакцината што пристигна денеска, „спутник В“, е специфична по тоа што откако ќе се отвори една вијала мора таа да се потроши во рок од два часа. Во една вијала има десет дози.
-Со оваа вакцина ќе почне вакцинацијата во салата ‘Борис Трајковски’. Ќе биде организирано преку термини во системот ‘Мој термин’, за вработените во МВР, армијата, судовите, обвинителството, патарини, царини, УЈП, јавен транспорт, кои имаат најголем ризик и кои се во повисока ризик категорија, додаде министерот.