Околу 4.000 лица досега се разболеле по загадувањето на водата од градскиот водовод во Гостивар. Бројот на новозаболени почнал да се намалува, а денеска 80 лица првпат побарале лекарска помош, што е двојно помалку во споредба со претходните денови, информира министерот за здравство Сашо Клековски.

Министерството за здравство и другите надлежни институции ќе почнат целосна епидемиолошка анализа. Целта е прецизно да се утврди хронологијата на случувањата и да се разграничат пациентите поврзани со епидемијата од вообичаените случаи на гастроентеритис.