Првиот човек на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на средба со новинарите во Токио изјави:
– Медалите на освојувачите ќе им бидат донесени на послужавник, а потоа спортистите самите ќе ги земат своите одличја и ќе ги стават околу својот врат. Лицето, кое ќе ги става медалите на послужавникот, ќе носи заштитна маска и ракавици. Нема да има прегратки, ниту ракување за време на свеченото доделување на медали. Заштитни маски на лицето ќе носат и освојувачите на медали
Олимписките игри во Токио ќе бидат отворени на 23 јули, а ќе траат до 8 август, до кога во јапонската престолнина е прогласена вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус.
Епидемиолошката состојба во градот домаќин на Олимпијадата се влошува и во средата беа регистрирани 1.149 новозаразени лица, што е најголем број во последните шест месеци.