Палестинско-американската новинарка Ширин Абу Аклех беше убиена на 11 мај од истрели од израелските одбранбени сили (ИДФ), се вели во заклучокот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН.
-Сите собрани информации, вклучително и израелската армија и палестинскиот јавен обвинител, го потврдуваат фактот дека истрелите со кои беше убиена Абу Аклех и ранет нејзиниот колега Али Самуди беа испукани од припадници на ИДФ и не се работи за неселективно истрелани куршуми од вооружени Палестинци, како што првично тврдеше израелската страна“, изјави Равина Шамдасани на прес-конференција во Женева.
-Не се пронајдени информации кои укажуваат на каква било активност на вооружени Палестинци во близина на новинарката, рече таа.
Тие сметаат дека е загрижувачки што израелските власти не отвориле судска истрага.
Новинарката на Ал Џезира носеше панцир и шлем. Куршумот ја погодил под кацигата. Се наоѓаше во близина на бегалскиот камп Џанин, упориште на палестинските вооружени фракции, каде што израелските сили спроведуваа рација.
Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бачелет продолжува да бара од израелските власти да отворат кривична истрага за смртта на Абу Аклех и други случаи извршени на Западниот Брег и Газа.
Според ОН, израелските сили убиле 58 Палестинци на Западниот Брег од почетокот на годинава, меѓу кои 13 деца.