Цената на отпремувањето транспортни контејнери нагло се зголеми во последните 18 месеци, бидејќи пандемијата на коронавирусот ги наруши синџирите на снабдување и трговските канали.

Транспортот поскапе седум пати и повеќе, јави Си-Ен-Би-Си. Зголемувањето на трошоците за транспорт со контејнери може да го намали растот во големите економии.

-Анализата на УНКТАД покажува дека сегашниот пораст на цените за транспорт со товарните контејнери, доколку продолжи трендот, може да ги зголеми глобалните увозни цени за 11 отсто, а потрошувачките цени за 1,5 отсто од сега до 2023 година, се вели во извештајот.

Потрошувачките цени во САД би се зголемиле за 1,2 отсто, додека Кина би забележала поскапувањње од 1,4 отсто.

Анализата покажа дека во помалите земји кои се повеќе зависни од увоз, потрошувачките цени би се зголемиле за околу 2,2 отсто, а во малите островски земји за повеќе од 7,5 отсто, пренесува Фајненшл тајмс. Од крајот на октомври, повеќе од 600 контејнерски бродови се блокирани надвор од пристаништата ширум светот, што е двојно повеќе од нивото на почетокот на годината, а метежот може да трае до февруари.